26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Најтежок дневен пад во последните три месеци

Wall Street: Најтежок дневен пад во последните три месеци

На Wall Street во четвртокот, цените на акциите нагло паднаа, најмногу во технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите беа загрижени од слабите макроекономски показатели, кои укажуваат на долго и тешко закрепнување на економијата од корона кризата.

Dow Jones падна 807 поени или 2,78 проценти, на 28.292 поени, додека S&P 500 потона за 3,51 проценти, на 3.455 поени, а индексот Nasdaq за 4,96 проценти, на 11.458 поени.

Најголемиот дневен пад на овие индекси од средината на јуни најмногу се должи на корекцијата на цените на акциите во технолошкиот сектор, кој со месеци го води закрепнувањето на пазарот.

Индексот S&P на технолошкиот сектор вчера потона за 6 проценти, а цените на акциите на Apple, Microsoft, Amazon.com, Tesla, Nvidia нагло паднаа.

Пазарот во последните пет месеци нагло се зголеми од неговите најниски нивоа, на кои падна во март, благодарение на досега невидени парични и фискални стимулативни мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП