4 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАФормирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“

Формирано здружение на банкарски клиенти „Ануитет“

Од 1 септември почна со работа Здружението на банкарски клиенти „Ануитет“. Мисијата на здружението, како што информираа денеска, е заштита на банкарските клиенти и остварување на нивните права при воспоставување на деловниот однос со банките и другите финансиски институции.

– Водејќи се од секојдневните проблеми на граѓаните и компаниите кои ги имаат со деловните банки и финансиски институции, се одлучивме за основање на Здружение на граѓани кое ќе работи со единствена цел да ги застапува институционално своите членови. Визијата на Здружението АНУИТЕТ е фер и етички однос на банките кон нивните клиенти што ќе придонесе кон градење на посилна и здрава економска моќ на секој поединец, како спротивност од досегашното делување на банките во насока единствено за остварување на астрономски профити, се наведува во соопштението.

Здружението ги повикува граѓаните и компаниите да им се приклучат со цел да се стави крај на како што велат, едностраното неетичко делување на банките врз грбот на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар