3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнкета: Третина од Американците и речиси половина од Русите не сакаат да...

Анкета: Третина од Американците и речиси половина од Русите не сакаат да се вакцинираат против Ковид-19

Третина Американци изјавиле дека нема да се вакцинираат против Ковид-19 доколку вакцината сега е достапна, покажува најновото истражување спроведено од „Ипсос мори“ за Светскиот економски форум.

33% од испитаниците во САД изјавиле дека донекаде не се согласуваат или апсолутно не се согласуваат со изјавата дадена во истражувањето – ако има вакцина против Ковид-19, јас би се вакцинирала.

Нешто повеќе од две третини изјавија дека ќе ја примат вакцината, пишува „Бизнис инсајдер“.

Овие откритија на „Ипсос мори“ во голема мера се во согласност со претходните истражувања спроведени од компаниите „Марист Пол“ и „Галуп“, според кои 35% од Американците нема да се вакцинираат против коронавирусот доколку вакцината е достапна.

Причината поради која Американците најмногу се против вакцинацијата е стравот од можни несакани ефекти (60%). Повеќе од една третина (37%) рекле дека не веруваат дека тоа ќе биде ефективно, додека петтина (20%) изјавиле дека се генерално против вакцинацијата.

„Ипсос мори“ исто така откри дека од 27-те анкетирани земји, Русите биле најскептични во однос на вакцинацијата.

46% од испитаниците во Русија изјавиле дека нема да примат вакцина. Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец рече дека земјата развила ефикасна вакцина против Ковид-19, која наскоро ќе започне масовно да се производува.

Најмногу склони кон вакцинација биле Кинезите. Само 3% од испитаниците од Кина изјавиле дека нема да се вакцинираат.

Британците имаа сличен став. 85% од испитаниците во Велика Британија изјавиле дека би се вакцинирале доколку вакцината сега е достапна, додека само 15% рекле дека не би се вакцинирале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП