5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБагери на Нефи Усеини копаат песок за неговата база која требаше да...

Багери на Нефи Усеини копаат песок за неговата база која требаше да биде урната(видео)

Граѓанската иницијатива „Охрид -СОС“ на нивата фејсбук-страница објави видео на кое се гледа како багери на охридскиот советник Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на езерото за неговата бетонската база. Од граѓанската инцијатива посочуваат дека локацијата каде што се копа песок е во близина на базата, а видеото објавено на нивниот профил е од граѓанин кој го снимал ископот, при што во моментот кога се обидел да се доближи до механизацијата добил вербални закани од вработените со зборовите „ знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме у езеро!“.

Од „Охрид СОС“ порачуваат до власта да го запрат дивото копање на песок и да ги казнат сторителите кои го правеле тоа, а бетонската база да ја затворат и да наложат нејзино рушење.

„Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа. Не чекајте, ако ‘Македонијапат’ ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат по тоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата Влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот“, пишуваат од иницијативата „Охрид СОС“ .

Од иницијативата ги повикаа и охрабрија граѓаните да го следат примерот на овој кој го снимил видеото, да го сторат истото и да пријават незаконски дејства на јавни функционери, а воедно ги повикаа и медиумите да го пренесат видеото за да допре информацијата до јавноста и надлежните.

https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2744647075813932

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП