24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачката на електрична енергија во ЕУ се намали за 11 проценти (ИНФОГРАФИК)

Потрошувачката на електрична енергија во ЕУ се намали за 11 проценти (ИНФОГРАФИК)

Потрошувачката на електрична енергија во Европската унија во мај годинава останува за 11% помала отколку во истиот месец во 2019-та година, според податоците на „Евростат“.

Од средината на март 2020-та година, во повеќето земји се воведени строги мерки против ширењето на ковид-19, кои вклучуваат затворање на фабрики, училишта, установи, канцеларии и хотели.

Повеќето Европејци се принудени да останат дома со недели, а компаниите го намалија производството поради намалувањето на побарувачката или проблемите со синџирот на снабдување.

Наспроти ова, во април е регистрирано нагло опаѓање на потрошувачката на електрична енергија.

Карантинот продолжи во мај, па потрошувачката на електрична енергија тогаш беше најниска забележана за месецот во последните пет години. Вкупната потрошена електрична енергија во 27-те земји-членки од Заедницата е 10,5% под најниската вредност за овој месец, пријавена во периодот од 2016-та до 2019-та година.

Во Полска и Шпанија падот на потрошувачката во споредба со претходните години е најсилен – за 13,7%.

Меѓу земјите кои пријавуваат посилен пад се и Словенија (-13,4%), Хрватска (-11,9%), Романија (-11,8%) и Португалија (-11,6%).

Девет земји објавија пад помеѓу 5% и 10%, а во шест други падот се движеше од 1% до 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП