8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеверојатен пад: Тие се вратија на нивото од 2009 година

Неверојатен пад: Тие се вратија на нивото од 2009 година

Големината на бразилската економија во вториот квартал се врати на нивото на кое беше во екот на светската финансиска криза во 2009 година.

Ова се случи затоа што итните мерки за борба против пандемијата од коронавирус ја парализираа активноста во скоро сите сектори.

Пандемијата предизвика пад на бруто домашниот производ на Бразил за 9,7 проценти во однос на првиот квартал, објави денеска државната агенција за статистика IBGE.

Во споредба со вториот квартал од минатата година, најголемата латиноамериканска економија падна за 11,4 проценти, пренесува Ројтерс.

IBGE исто така го ревидираше економскиот пад за периодот јануари-март на 2,5 проценти, во однос на претходната проценка од 1,5 проценти.

Што се однесува до поединечните компоненти на БДП, индустриското производство потонало за 12,3 проценти во вториот квартал, секторот услуги за 9,7 проценти, фиксни инвестиции за 15,4 проценти, потрошувачка на домаќинства за 12,5 проценти и државната потрошувачка за 8,8 проценти. Само земјоделството забележало зголемување во тој период за 0,4 проценти, додава IBGE.

Владата предвидува дека БДП ќе падне за 4,7 проценти на ниво на цела година, што би бил најголем годишен пад од 1900 година, кога биле евидентирани овие податоци.

Економистите во просек предвидуваат годишен пад од 5,3 проценти во неделното истражување на бразилската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП