2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата одлучи, градинките ќе се отворат на 9. септември

Владата одлучи, градинките ќе се отворат на 9. септември

Владата денеска на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки / центри за ран детски развој за време на пандемија КОВИД-19, кое е планирано од 9 септември 2020 година.

-Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со КОВИД-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП