26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали доаѓа „зајдисонцето“ на големите нафтени компании?

Дали доаѓа „зајдисонцето“ на големите нафтени компании?

Од почетокот на оваа недела, во американскиот индустриски просек „Dow Jones Industrial Average“ има само една нафтена компанија – „Chevron“.

Отстранувањето на „Exxon Mobil“ од индексот по 92-годишното присуство може да не го означи последниот пад на големината на нафтениот сектор, но секако може да се земе како „почеток на крајот“, пишува „Bloomberg“.

За некои, отстранувањето на една од двете нафтени компании на „Dow“ може да изгледа чудно, во време кога револуцијата на нафтата од шкрилци која ја трансформира улогата на САД на глобалниот пазар на нафта.

Денес, земјата произведува повеќе нафта и природен гас од која било друга земја во светот. Минатата година, домашните приноси на нафта беа 125% повисоки отколку во 2010-та година, додека производството на гас се зголеми за 60% во текот на последната деценија.

Ова не е првпат во кој „Dow Jones Industrial Average“ да остане само со еден претставник на нафтениот сектор. Последен пат тоа се случило во периодот од 2000-та до 2008-ма година, кога „Exxon“ беше единствената нафтена компанија во индексот.

Во 1924-та година за краток период од околу две недели во индексот нема ниту еден претставник на „Big Oil“ – групата големи американски производители на нафта.

Тековната замена на „Exxon“ со софтверската компанија „Salesforce.com“ е оцилетворение на еволуцијата на американската економија и покрај сегашниот претседател Доналд Трамп да биде еден од најискрените поддржувачи на нафтената индустрија.

Првиот бум од шкрилци започна во 2005-та година со зголемување на приносот на гас, а пет години подоцна тие беа проследени со нафта. Илјадници нови работни места се отворени во овој сектор.

Вработени во нафтената индустрија во 2005-та година имало 125.000, а во 2014-та нивниот број се зголеми на над 200.000 лица.

Втората фаза од револуцијата на шкрилци беше помеѓу 2015-та и 2017-та година, но тогаш вработувањето се зголеми четири пати помалку отколку во текот на првото, пред целосно да го изгуби интензитетот на крајот на 2019-та година. Пандемијата на ковид-19 му зададе последен сериозен удар на секторот.

И покрај рекордното производство на нафта и природен гас во САД, тие генерираат едвај 1% од бруто домашниот производ на земјата.

Нафтата веќе не е моќната локомотива за американската економија каква што беше во поголемиот дел од дваесеттиот и почетокот на дваесет и првиот век, пишува „Bloomberg“.

Покрај тоа, придобивките од шкрилци во голема мера ги вршат мали приватни компании, што дополнително го нарушува влијанието на големите нафтени гиганти од минатото.

Се почесто се случува играчите од редовите на „Royal Dutch Shell“, „BP“ и „Total“ да немаат пристап до првокласни наоѓалишта. Тие ги ограничуваат своите инвестиции на локации како Саудиска Арабија, Иран, Венецуела и Русија поради ризик од санкции или поради ограничувањата наметнати од локалното законодавство.

Сепак, проблемот со нафтениот сектор не е поврзан само со недостаток на можности за развој на нови големи наоѓалишта. Се соочува со предизвик за извршување на внатрешна трансформација од големи размери, бидејќи главниот производ што го произведува се соочува со зголемен притисок од регулаторите и потрошувачите поради неговиот еколошки отпечаток.

Долгиот пат кон претворање на нафтените компании во производители на одржлива и обновлива енергија само што започнува.

Крајот на гигантите од „Big Oil“ можеби е уште далеку, но отстранувањето на „Exxon“ од „Dow“ е сигнал дека индустријата досега не успеа да се прилагоди на најуспешен начин кон новите економски реалности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП