29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на невработени во Русија зголемен за пет пати

Бројот на невработени во Русија зголемен за пет пати

Бројот на официјално невработени во Русија се зголеми пет пати во последните шест месеци, рече министерот за труд, Антон Котјаков.

Во моментов во Русија има официјално 3,6 милиони невработени, наспроти 727 илјади во март, рече Котјаков во изјавата пренесена од новинската агенција „Интерфакс“, пишува „Себиз“.

Руската економија забележа пад на активноста дури и пред пандемијата на коронавирусот, пред се поради падот на цената на нафтата на светските берзи. Пандемијата го забрза трендот на опаѓање бидејќи владата ги ограничи деловните активности и воведе карантински мерки за запирање на ширењето на вирусот.

Дополнителен проблем е падот на глобалната трговија.

Руската рубља ослабна за околу 15 проценти во однос на доларот од март, а во моментов доларот се тргува за 74 рубли, јави ДПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП