13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропска Унија сака да го покрие целиот свет со вакцина, планирани две...

Европска Унија сака да го покрие целиот свет со вакцина, планирани две милијарди дози

Европската комисија ќе одвои 400 милиони евра во рамките на меѓународниот механизам „Ковакс“ за помош при купување и испорака на дози на идни вакцини против коронавирус за земји со низок и среден приход, најавено е во Брисел.

Проектот „Ковакс“, кој го водат заеднички Гави, Сојузот за вакцини, Коалицијата за иновации во подготвеноста за епидемија (ЦЕПИ) и СЗО, има за цел да го забрза развојот и производството на вакцини против коронавирусот, но и да гарантира фер и рамноправен пристап за секоја земја во светот.

„Ние нема да бидеме безбедни сè додека сите, без разлика дали се во Европа или во светот, не бидат безбедни. Потребна ни е глобална солидарност. Придонесот на Европската комисија за ‘Ковакс’ нè носи чекор поблиску до оваа цел”, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Проектот „Ковакс“, како механизам за осигурување за земјите кои се загрижени за обезбедување пристап до вакцини, но исто така и за производителите, сака да купи 2 милијарди дози до крајот на 2021 година, преговарајќи со разни добавувачи кои покриваат различни научни технологии, време на испорака и цени, наведуваат во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП