19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако би изгледале 200 милијарди долари на Безос наредени во банкноти?

Како би изгледале 200 милијарди долари на Безос наредени во банкноти?

Популарниот американски астрофизичар Нил де Грас Тајсон на сликовит начин опиша колку е всушност богат сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос.

На својот инстаграм-профил тој на интересен начин опиша 200 милијарди долари, колку што изнесува богатството на Безос.

„Никој не ме праша за тоа, но ако банкнотите од еден долар во вкупен износ од 200 милијарди долари, колку што износува богатството на Безос, се наредат една покрај друга, тие би биле доволни 180 пати да ја обиколат планетата Земја.

До Месечината би можело да се стигне и да се врати 30 пати, а од остатокот од парите може да се направи куп висок 10 километри“, посочи Де Грас Тајсон, пренесува „Кликс“.

Пред неколку дена најбогатиот човек во светот стана уште побогат.

Богатството на Безос достигна неверојатни 200 милијарди долари.

Американското бизнис-списание „Форбс“ смета дека богатството на Безос е најголемото досега. Компанијата „Амазон“ работи исклучително добро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП