8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсторискиот план за криза во Шведска ги открива границите на централната банка

Историскиот план за криза во Шведска ги открива границите на централната банка

Шведската влада започна со историско трошење, признавајќи дека сега има помалку можности да побара поддршка од централната банка во кризата.

„Имаме голема одговорност, бидејќи капацитетот на Централната банка на Шведска (Riksbank) е помал од порано“, рече министерката за финансии Магдалена Андерсон. „Во исто време, монетарната политика нема „мускули“ како што обично има“, додаде таа.

„Riksbank“ посочи дека сака да избегне враќање на негативните каматни стапки откако ја заврши оваа политика минатата година по половина декада од примената. Но, институцијата, исто така, се обидува да го смири пазарот дека има соодветна група на инструменти за да стори сé што е неопходно за поддршка на економијата.

Од друга страна, шведската влада ќе потроши над 100 милијарди круни (11,5 милијарди долари) следната година за да ја спаси најголемата скандинавска економија од кризата од ковид-19. Андерсон вели дека сè уште нема потреба од „силен стимул“ во 2022-ра година, „можеби во 2023-та година“.

Избегнување на најлошото

Сега Шведска се соочува со многу поблага рецесија од еврозоната, а Андерсон во четвртокот ја зголеми економската прогноза. Бруто домашниот производ на Шведска сега се очекува да се намали за 4,6% во оваа година во споредба со прогнозата за пад од 6% во јуни. За следната година, владата очекува посилен скок, па БДП-то да порасне за 4,1%.

Во петокот, заводот за статистика на Шведска соопшти дека економијата на земјата се намалила за 8,3% во вториот квартал од годинава, наместо за 8,6%, како што покажа првичната проценка.

Планираното трошење ќе биде на јавни инвестиции како дел од иницијативите за јавна благосостојба и борбата против климатските промени, рече Андерсон. Шведска има „историска можност да преземе мерки за создавање работни места, забрзување на адаптацијата кон климатските промени и подобрување на социјалните услуги“, коментираше министерката за финансии.

Плановите за трошење на Шведска ќе го остават националниот долг во границите утврдени од Европската унија. Следната година, долгот ќе достигне 42% од БДП-то во однос на 35,2% во 2019-та година. Ова е помалку од половина од просекот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП