20 април, 2024
ПочетнаДИЕТИДиета за вработени (Предлог мени за пет дена)

Диета за вработени (Предлог мени за пет дена)

Не е лесно да се практикува посебен режим на исхрана ако сте на работа цел ден. Сепак не губете волја бидејќи група американски нутриционисти објавија диета за вработени, која ќе ви овозможи да се ослободите од вишокот килограми.

Ви го претставуваме предлог менито за петте работни денови…

Менито е составено од едноставни оброци кои се подготвуваат брзо. Ако некои намирници не ви се достапни, може да се заменат со слични.

2013-04-18-healthylunchideasmeetthedubienscrunchacolor-thumb

Прв ден

Доручек: 1 банана, 2 киви исечени на кришки

Ручек: салата од зеленчук и тестенини (70 гр тестенини, 50 гр кељ, 50 гр брокули, 1 морков, 1 црвена пиперка).

Вечера: Телешка шницла (250 гр) на скара, 300 гр печурки динстани на вода.

 

Втор ден

Доручек: 2 дл сок од морков, 2 парчиња црн леб, 20 гр кравјо сирење

Ручек: салата со виршли (50 гр шпаргли или морков, 50 гр грашок, 100 гр варени виршли).

Вечера: сецкан зеленчук (1 црн патлиџан, 1 лук, 2 домата, 1 тиквица, 1 лажичка рендан пармезан, 1 лажичка масло)

large

Трет ден

Доручек: шолја чај без шеќер, 1 пециво, 10 гр путер, 10 гр џем

Ручек: салата од компири со јаболко

Вечера: една чинија супа, 200 гр филети од ослич, 100 гр варен морков, 100 гр шпаргла од тегла

 

Четврти ден

Доручек: 2 дл сок од јагоди, 200 гр исечени круши

Ручек: 1 биопециво, 100 гр кисели краставички, 100 гр печени пилешки гради

Вечера: 100 гр варен ориз, 200 гр цвекло

2013-08-21-OneHungryMamabananabites

Петти ден

Доручек: 250гр ананас (може и од конзерва, но без сирупот)

Ручек: салата со зеленчук и јајца (100 гр зелена пиперка, 50 гр грашок, 50 гр пченка, 1 домат, 1 варено јајце)

Вечера: риба со грашок (100 гр филети риба, 2 лажички сок од лимон, 200 гр грашок (од замрзнувач), лажичка масло, 2 лажички павлака, сол и бибер)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП