18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилион Американци се пријавиле за помош за навработени

Милион Американци се пријавиле за помош за навработени

Бројот на апликации од американски граѓани за бенефиции за невработеност минатата недела беше еден милион, соопшти Секретаријатот за труд.

Во неделата што претходеше, се регистрираа 1,1 милион граѓани, додека во неделата што заврши на 22-ри август се регистрираа 1,06 милиони од нив, објави американскиот Секретаријат за труд, пренесува „Reuters“.

Делумното отворање на економијата придонесе за намалување на бројот на апликации за бенефиции за невработеност, што достигна рекордни 6,8 милиони во март.

Ова се случи за време на воведените построги мерки за борба против глобалната пандемија на коронавирусот.

Во август, сепак, бројот на апликации за прв пат во една недела беше помалку од милион.

Во исто време, деловната сфера ја исцрпи помошта во форма на заеми за исплата на плати на вработените – додека, на последниот ден од јули, програмата за помош на невработените во форма на неделна исплата од 600 американски долари престана да важи.

Исто така, Американската трговска комора во својот последен извештај потврди дека економијата, во вториот квартал од 2020-та година, претрпе најголеми загуби во последните 73 години.

Според американската влада, бруто домашниот производ паднал за 31,7 проценти во последниот квартал.

Економијата на САД официјално е во рецесија од февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП