25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБезос е првиот човек во историјата со повеќе од 200 милијарди долари...

Безос е првиот човек во историјата со повеќе од 200 милијарди долари богатство

Првиот човек на Амазон, Џеф Безос е првиот во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари.

Според индексот на милијардери на Блумберг, Безос сега има 202 милијарди американски долари, што го прави 78 милијарди долари побогат од Бил Гејтс, ко-основачот на „Мајкрософт“ и втор на листата на најбогати луѓе во светот.

Богатството на Џеф Безос во најголем дел е удел во акциите на компанијата, чија цена постојано растеше во изминатите години, особено во изминатите две години, пренесува „Блумберг“.

Во 2018 година, тој стана најбогат човек во модерната историја, а неговото богатство тогаш се проценуваше на 150 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“ достигнаа највисоко ниво на финансискиот пазар во април годинава, компанијата заработи стотици милијарди долари, а инвеститорите годинава остварија профит од 86 проценти од инвестициите во компанијата на Безос.

Амазон според моенталната цена на акците вреди 1,7 трилиони долари и стана втората највредна американска компанија по Apple.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП