23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложен Светскиот економски форум во Давос поради пандемијата

Одложен Светскиот економски форум во Давос поради пандемијата

Светскиот економски форум, кој требаше да се одржи во Давос во јануари следната година, е одложен поради пандемијата на коронавирус и ќе се одржи на почетокот на летото, објавија организаторите.

„Советот на стручњаците е дека не можеме да организираме безбеден состанок во јануари“, соопшти СЕФ.

Конференцијата за предизвиците на глобализацијата на швајцарските Алпи се одржува од 1971 година, а меѓу нејзините гости честопати се светските лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Ѓинпинг.

Наместо конференција, организаторите најавуваат виртуелни разговори на високо ниво во неделата од 25 јануари идната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП