26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 119 заразени од Ковид-19 и петмина починати поради компликации

Нови 119 заразени од Ковид-19 и петмина починати поради компликации

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.065 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 53, Куманово – 9, Штип – 4, Прилеп – 13, Тетово – 4, Струга – 2, Велес – 1, Битола – 1, Охрид – 1, Гостивар – 6, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пехчево – 2, Берово – 5, Делчево – 6, Свети Николе – 3, Кичево – 3 и еден во Неготино.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 297 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 56, Куманово – 9, Штип – 37, Прилеп – 3, Тетово – 4, Струга – 85, Велес – 13, Битола – 6, Охрид – 34, Гостивар – 20, Струмица – 3, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 3, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 4, Виница – 1, Кичево – 15 и еден од Кратово.

Починати се 5 лица, двајца пациенти од Скопје (49 и 50 години), пациентка од Тетово (46 години), пациент од Куманово (63) и еден пациент од Прилеп (82). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.914, бројката на оздравени пациенти е 10.507, на починати е 578, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.829. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчерашните тестирања, а според завршените епидемиолошки анализи во моментот статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 5.783, активни 884

• Куманово 1.410, активни 361

• Дебар 242, активни 77

• Штип 1.115, активни 228

• Прилеп 427, активни 87

• Тетово 1.201, активни 180

• Струга 550, активни 60

• Велес 265, активни 26

• Битола 198, активни 48

• Охрид 326, активни 26

• Кавадарци 170, активни 90

• Гостивар 758, активни 286

• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 58, активни 20

• Крива Паланка 38, активни 10

• Радовиш 41, активни 12

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 137, активни 33

• Пробиштип 78, активни 20

• Демир Хисар 60, активни 25

• Македонски Брод 69, активни 32

• Пехчево 14, активни 8

• Берово 47, активни 38

• Валандово 7, активни 0

• Виница 64, активни 41

• Делчево 44, активни 39 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 16, активен 1

• Свети Николе 281, активни 71

• Кичево 266, активни 86

• Ресен 146, активен 1

• Неготино 45, активни 15 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 142.158 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83, а на кислородна поддршка се 50 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 6 позитивни деца, како и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 48 пациенти. На респираторна машина се петмина пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 14, а во болницата во Штип – 46 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 105 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во согласност со новите податоци статистиката за активни случаи во скопските општини е следна:

• Чаир – 117

• Гази Баба – 112

• Аеродром – 104

• Карпош – 91

• Центар – 91

• Кисела Вода – 98

• Ѓорче Петров – 58

• Бутел – 68

• Шуто Оризари – 37

• Студеничани – 22

• Сарај – 26

• Арачиново – 15

• Илинден – 12

• Сопиште – 8

• Чучер Сандево – 7

• Петровец – 8

• Зелениково – 4

• Странец – 5

• Нераспределен – 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП