9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатите купуваат државјанства и бегаат во „corona-free“ земји

Богатите купуваат државјанства и бегаат во „corona-free“ земји

Кога корнавирусот започна да се шири на почетокот на март, еден од раководителите во Силиконската долина во Сан Франциско го повика производителот на засолништето за опстанок. Тој сакаше да знае како да ја отвори тајната врата на неговиот мултимилионски бункер, 11 метри под земја во Нов Зеланд.

Тој бизнисмен не е единствениот богат човек кој практично побегна во Нов Зеланд за време на пандемијата, пишува „Bloomberg“. Со години, островската земја беше видно место во плановите за опстанок на богатите Американци кои се загрижени дека, да речеме, вирусот може да го парализира светот. Сега, кога се покажа дека е една од земјите што најдобро се бори против пандемијата на ковид-19, таа стана уште поактуелна.

Сепак, Нов Зеланд не е единственото место каде богатите луѓе одат во вакви ситуации, но исто така и каде се нуди државјанство или престој во замена за инвестирање во таа земја. Најблиската земја која нуди практично исто е Црна Гора.

На пример, можете да стекнете право да живеете, работите и студирате во Нов Зеланд ако учествувате со, да речеме, два милиони долари. Во Црна Гора со купувањето стан се смета како инвестиција за која црногорскиот пасош може да се добие врз основа на проектот на Владата за економско државјанство. Според одлуката на Владата, црногорскиот пасош може да се добие преку инвестиции во туристички проекти, преработувачка индустрија и земјоделство.

Сето тоа зависи од видот на визата за престој потребна за земјата што ќе ја изберете. Околу 1,2 милиони евра, вклучително и купување на имот, трошоци, чини државјанство за брачна двојка во Малта.

Потенцијалните купувачи на овие планови за итни случаи не се повеќе лица, туку цели семејства. Во првите четири месеци од оваа година, побарувачката за овие услуги во специјализирана компанија за овие потреби скокна за 49 проценти, во однос на истиот период во 2019-та година. Сега има 22 проценти повеќе од оние кои сакаат да аплицираат за ново државјанство или виза за престој.

Иако островите од Карибите се најпознати по ова, каде што можат да се изолирате на песочните плажи, она што е клучно за богатите сега и што бараат повеќе се држави кои импресионираа во борбата против ковид-19, како Австралија и Нов Зеланд.

Покрај тоа, луѓето го гледаат овој потег како средство за управување со богатството исто како и начинот за патување без визи.

Интересот за програмата за престој на Португалија се зголеми во последните месеци. Оваа земја гледа шанса во тоа затоа што богатите би можеле да го вратат пазарот на недвижнини.

Тајландската влада, на пример, нуди „елитни“ визи за живеење на богатите странски државјани, дозволувајќи им да живеат во земјата за околу 3.000 долари годишно. Има седум различни пакувања, а најскапа е шемата „Elite Ultimate Privilege“ за 60.000 долари за 20-годишен престој, пишува „Business Insider“.

За добивање други пасоши или дозволи за престој е потребно време – најмалку три месеци за програмите во Карибите, а многу подолго за оние во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП