2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија регистрираше сува вакцина против коронавирусот

Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот

Министерството за здравство на Русија регистрираше сува вакцина против коронавирусот во центарот „Гамалеј“ за подготовка на раствор за интрамускулни инекции, соопшти прес-службата на министерството.

„Министерството за здравство издаде регистрација за вакцината ’Гам-КОВИД-Вак-Лио’, развиена од Научно истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија ’Гамалеј’ на Министерството за здравство на Русија, која е произведена во форма на лиофилизати за подготовка на раствор за интрамускулна инекција“, се наведува во соопштението.

Вакцината е регистрирана по клиничките тестирања на кои лекот се покажал како ефикасен и безбеден кај доброволците.

Клиничките испитувања на вакцината се одржаа во периодот од јуни до август годинава на државниот медицински универзитет „Сеченов“ во Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП