16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогатството на Џеф Безос вреди скоро 200 милијарди долари

Богатството на Џеф Безос вреди скоро 200 милијарди долари

Најбогатиот човек на планетата, сопственикот на Амазон, Џеф Безос, сруши нов, сопствен рекорд.

До пред само неколку дена, имаше нето-вредност од 197,8 милијарди долари, но денес достигна до 199,7 милијарди, и малку му фали за да ја „заокружи вредноста“.

Ова значи дека вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс, останува далеку од шефот на Амазон, со своите „скромни“ 115,5 милијарди долари.

Вчера, акциите на „Амазон“ скокнаа за 1,2%, што го зголеми неговото богатство за околу 2,1 милијарди долари. Бидејќи има толку голем удел во компанијата за е-трговија, дури и најмала промена на подобро, поврзана со растот на Амазон, автоматски се одразува на сметката на Безос.

Овој рекорд доаѓа откако Безос достигна вредност од 197,8 милијарди американски долари, што магазинот “Фортун” го забележа како рекорд откако го мери статусот на милијардери од 1982 година. За потсетување, Безос има 11,1% удел во компанијата со пазарна вредност од 1,68 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП