27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток кој може да ви го промени животот

Напиток кој може да ви го промени животот

„Златното млеко“ е одличен, вкусен и неверојатно здрав напиток кој е особено погоден за консумирање во вечерните часови, а придобивките се извонредни!

Главна состојка во овој рецепт е куркумата. Таа содржи куркумин, полифенол идентификуван како главна активна состојка која е присутна во повеќе од 150 потенцијални терапевтски активности, а тука се вклучени и антиоксидантски, анти-воспалителни и анти-канцерогени својства. Во комбинација со црн пипер, благотворноста на куркуминот значително се зголемува.

Дополнителни предности:

– Противвоспалително делување, антиоксидант, антисептик, аналгетик

– Го зајакнува имунолошкиот систем

– Анти – канцероген

– Помага во одржувањето на нивото на холестерол

– Го подобрува дигестивното здравје

– Детоксификатор на црниот дроб

– Го регулира на метаболизмот и контрола на телесната тежина

– Помага при висок крвен притисок

– Одличен за подобра меморија и здрав мозок

– Делотворен при разни проблеми со кожата

– Помага при невролошки нарушувања

– Ги намалува триглицеридите

Со додавање на црн пипер во јадења зачинети со куркума се зголемува биорасположивоста на куркуминот за околу 1000 пати, а за тоа е заслужен пиперинот, лутото својство на црниот пипер. Тоа значи дека со мешање на куркума и црн пипер заедно, се зголемува телесната апсорпција на куркумата до 2000 проценти.

Чекор 1: Паста од куркума

Состојки:

– 1/4 чаша куркума во прав

– 1/2 лажичка мелен пипер

– 1/2 чаша филтрирана вода

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во мал сад за готвење и добро промешајте. Оганот нека биде со средна јачина и притоа мешајте постојано додека смесата да стане густа. Тоа не трае долго, па затоа не се оддалечувајте од шпоретот. Оставете ја смесата да се олади, а потоа може да ја чувате во мала тегла во фрижидер.

Чекор 2: Златно млеко

Состојки:

– 1 чаша бадемово млеко (млеко од коноп или кокос се исто така добра опција, а ајурведата препорачува и кравјо млеко, но само ако сте во можност да набавите природно домашно кравјо млеко од крава која не е вештачки третирана)

– 1 лажичка масло од кокос

– 1/4 лажичка или повеќе паста од куркума

– мед

Подготовка:

Искомбинирајте ги сите состојки, освен медот, во тенџере за готвење. Ставете го тенџерето на оган со среден интензитет. Додека ја загревате смесата мешајте постојано и не дозволувајте да проврие. Додадете мед по вкус на самиот крај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП