19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија е водечки производител на сладолед во ЕУ, Франција е најголем извозник...

Германија е водечки производител на сладолед во ЕУ, Франција е најголем извозник (ИНФОГРАФИК)

Во 2019-та година, Европската унија произведе повеќе од 3 милијарди литри сладолед, што претставува раст од 6% во однос на претходната година, покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика „Евростат“.

Во истиот период, земјите-членки извезуваа 222.000 тони сладолед во земјите што не се членки на ЕУ во вредност од вкупно 723 милиони евра. Покрај тоа, увозот на сладолед од земји надвор од Унијата изнесуваше 82.000 тони, а неговата вкупна вредност достигна 180 милиони евра.

Германија е водечки производител

Германија беше главен производител на сладолед меѓу земјите членки на унијата, произведувајќи 635 милиони литри, што претставува 21% од вкупното производство на сладолед во ЕУ.

Италија произведе 554 милиони литри, па така учествува со 18% од вкупното производство на сладолед во Унијата. Податоците од 2018-та година покажуваат дека Франција произвела 451 милиони литри пред две години или учество од 15% од вкупното производство во 2019-та година.

Франција е најголем извозник

Франција извезе вкупно 55.000 тони сладолед во 2019-та година, што претставува 25% од вкупниот извоз во земјите што не се членки на ЕУ. Ова ја прави најголемиот извозник на сладолед меѓу земјите членки на ЕУ, пред Холандија, која извезе 35.000 тони. По нив следат Германија со 29.000 тони, Италија со 18.000 тони и Шпанија со 16.000 тони.

Велика Британија е главна дестинација

Велика Британија е главна дестинација за извоз на сладолед на ЕУ кон земјите што не се членки на ЕУ. Земјите-членки извезуваат 128.000 тони на Островот, што претставува 58% од вкупниот извоз на слаткото искушение надвор од ЕУ. Други главни дестинации ги вклучуваат Швајцарија со 12.000 тони и Кина со 7.000 тони.

Увозот на сладолед од земји кои не се членки на ЕУ, исто така, доаѓаше главно од Велика Британија со 57.000 тони или 70 проценти од увозот од земји што не се членки на ЕУ. Следат Србија со 16.000 тони и Швајцарија со 2.000 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП