27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија забележа рекорден квартален пад

Германската економија забележа рекорден квартален пад

Германските компании и потрошувачи ги намалија нагло трошоците за време на ограничувањата поради коронавирусот, оставајќи ја економијата во длабок пад, од што полека ќе закрепне.

Германската економија се намали со рекордни 9,7% на квартална основа помеѓу април и јуни. На годишна основа во второто тримесечје, најголемата економија во Европа забележа пад од 11,3%, според статистиката на Германија.

Податоците исто така покажуваат дека инвестициите паднале за 7,9% во вториот квартал, а потрошувачката на домаќинствата опадна за 10,9%. Извозот падна за повеќе од 20%, пренесува „Bloomberg“.

Земјата забележа дефицит од 3,2% за шест месеци до јуни. Ова е прв пат по должничката криза во Европа во 2013-та година.

После второто тримесечје, индустриското производство и продажбата на мало се вратија во живот, посочувајќи дека економијата напредува во закрепнувањето на изгубените позиции. Но, компаниите остануваат скептични во врска со изгледите, а знаците дека брзото враќање по блокадата започна да се забавуваат со растот.

Министерот за финансии Олаф Шолц предвидува дека бруто домашниот производ во земјата нема да достигне ниво на криза барем до крајот на 2021-ва година. Тој предлага продолжување на субвенциите за задржување на работните места до 24 месеци за да се спречи порастот на невработеноста пред изборите во следната година. Германската централна банка исто така повика на трпеливост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП