17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 78 заразени и четворица починати од компликации поради Ковид-19

Нови 78 заразени и четворица починати од компликации поради Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 860 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-28, Куманово-5, Дебар-4, Прилеп-8, Тетово-4, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-4, Делчево-3, Кичево-3 и двајца во Неготино.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од: Скопје-13, Прилеп-1, Велес-2, Гостивар-9, Кочани-2, Македонски Брод-3, Свети Николе-1 и деветмина во Кичево.

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73-годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката на активни случаи по градови е следна:

• Скопје 5.697, активни 876

• Куманово 1.379, активни 340

• Дебар 241, активни 77

• Штип 1.108, активни 258

• Прилеп 399, активни 63

• Тетово 1.188, активни 172

• Струга 545, активни 140

• Велес 259, активни 33

• Битола 196, активни 55

• Охрид 325, активни 59

• Кавадарци 170, активни 101

• Гостивар 740, активни 312

• Гевгелија 42, активни 24 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 57, активни 22

• Крива Паланка 37, активни 12

• Радовиш 40, активни 11

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 134, активни 30

• Пробиштип 76, активни 21

• Демир Хисар 60, активни 27

• Македонски Брод 69, активни 36

• Пехчево 10, активни 4

• Берово 39, активни 30

• Валандово 7, активни 0

• Виница 63, активни 41

• Делчево 34, активни 29 (7 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 16, активни 2

• Свети Николе 275, активни 65

• Кичево 263, активни 100

• Ресен 146, активни 1

• Неготино 42, активни 14 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на Kовид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74 лица, а на кислородна поддршка се 39.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 3 позитивни, три мајка и три деца суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 63 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 103, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Најновата статистика на активни случаи по скопските општини е следна:

• Чаир – 114

• Гази Баба – 109

• Аеродром – 105

• Карпош – 93

• Центар – 85

• Кисела Вода – 93

• Ѓорче Петров – 67

• Бутел – 68

• Шуто Оризари – 39

• Студеничани – 18

• Сарај – 21

• Арачиново – 18

• Илинден – 13

• Сопиште – 8

• Чучер Сандево – 7

• Петровец – 8

• Зелениково – 4

• Странец – 4

• Нераспределен – 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП