19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали вака ќе изгледа лимузината на Путин?

Дали вака ќе изгледа лимузината на Путин?

putin

На конкурсот кој го објави „Marussia Motors“ и интернет страната „Cardesign.ru“ за дизајн на новата службена лимузина на рускиот претседател, победија Јарослав Јаковљев и Бернард Вил.

Решението на овие двајца автори е прогласено за најдобро во конкуренција од 120 пристигнати трудови.

За разлика од класичните претседателски лимузини кај кои патничката кабина зазема најголем дел од автомобилот, двајцата дизајнери смислиле елегантен концепт со многу долга хауба и нешто пократок заден дел.

putin2

Нивното решение претставува спој на традиционалниот и модерниот, а особено интересен дизајн на задниот дел на лимузината на кој се истакнуваат стоп-светлата и големиот централно поставен отвор за издувните цевки.

Делот од кабината кој е предвиден за сместување на рускиот претседател е одвоен и има место за 2+2 патника.

putin1

Не е познато дали Путин веќе го видел победничкото решение, но е евидентно дека тоа изгледа многу подобро отколку варијантата која своевремено ја понуди рускиот производител Жил, а која не му се допадна на претседателот.

Потсетуваме, рускиот претседател претходно изрази желба наместо во лимузината на Мерцедес во иднина да се вози во сличен автомобил од домашно производство, но досегашните решенија кои беа понудени не ги исполнија неговите очекувања. Тоа беше и главната причина поради која беше организиран конкурсот за дизајн на претседателската лимузина.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП