29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто да направите кога ќе ја изгубите работата: Како да најдете нова...

Што да направите кога ќе ја изгубите работата: Како да најдете нова работа?

Губењето на работата во време на криза може озбилно да ја затресе самодовербата, но не треба да ве обесхрабри во потрагата по нова работа.

Неколку практични совети можат да ви помогнат полесно да дојдете до вработување, но и на подобар начин да го искористите периодот кога барате работа, за лично усовршување.

Освестете се и продолжeте понатаму

Губењето на работата е атак на вашата самодоверба и нормално е да сте емоционално растресени. Сосема е во ред после тоа да поминете низ период на самосожалување, но тоа не треба да трае подолго од недела-две. Дадете си на себе малку време да се освестите, и потоа продолжете понатаму.

Подгответе CV

Направете работна биографија, доколку веќе ја немате, и потоа прилагодете ја за секоја работа за која ќе конкурирате. Ако припаѓате на постарата генерација, изоставете ја информацијата кога сте дипломирале, а со податоците опфатете го периодот од последните петнаесет години. Не е фер, но годините навистина се гледаат при вработување. Затоа, истакнете ги адутите.

Важни се личните контакти

Работните огласи на интернет се одличен почеток за барање на работа, но тоа е само еден од начините. Најголемиот дел од времето треба да го искористите да направите нови контакти кои се многу важни, особено во време на рецесија.

Позитивен став

Имајте на ум дека барањето на работа може да потрае подолго од што сте очекувале, па немојте да бидете очајни поради тоа. Повторувајте си на себе: Некој мора да ја добие работата, зошто да не бидам тоа јас!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП