21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Германија и фалат 50.000 негуватели

На Германија и фалат 50.000 негуватели

Во Германија моментно недостасуваат 50.000 даватели на здравствени услуги, што е проблем кој германскиот министер за здравство Јенс Шпан сака да го реши со работната сила од странство, но во очи на пандемијата на коронавирус, не е многу лесно, пишува Дојче веле (DW).

Недостаток на стручен кадар во германската здравствена заштита беше голем проблем уште пред пандемијата на коронавирус. Според германскиот министер за здравство Јенс Шпан, во секторот за нега недостасуваат 50.000 даватели на здравствени услуги, бројка која ќе се зголеми на 300.000 до 2030 година, проценува Германскиот совет за нега.

Од 2013 година, во тек е програмата на Централното посредување за странска и квалификувана работна сила (ZAV) во рамките на Федералната агенција за труд. Под името „Triple Win“ се ангажираат негуватели од странство.

На средината на 2019 година, министерот Шпан отпатувал за Косово, а потоа во Мексико за да склучи договори за вработување. Непосредно пред тоа, тој ја основал Германската агенција за квалификувана работна сила во секторите здравство и нега (DeFa), која првенствено треба да се грижи за олеснување на влезот и излезот на работната сила од земјата.

Меѓутоа, од Министерството за здравство пристигнало писмен одговор дека поради сегашните мерки против ширење на коронавирусот, увезувањето на работна сила е суспендирано на неодредено време. Агенцијата DeFa веќе има 1.300 договори со негуватели од Мексико и Филипини.

Една од најголемите пречки за многу странски негуватели е германскиот јазик.

„Многу е подобро кога прво ќе го научите јазикот. Бидејќи, колку е подобар вашиот германски, толку побрзо ќе се интегрирате во општеството “, рече Перез Викторијано, негувател од јужниот дел на Мексико, кој работи во клиниката „Шарит“ во Берлин, кој вели дека чувствува дека на работа е сериозно е сватен.

После краткиот тренинг, тој добил договор на неодредено време, заработува исто како и неговите колеги, а досега „тој немал лоши искуства затоа што е странец“. Се разбира, работата е често стресна, но тој вели дека барем има ред, и дека и пациентите и вработените се ценат.

„Досега не сум работел дупла смена, а во Мексико тоа е сосема нормална работа“, рече Викторијано.

Томас Кракау, кој го води секторот за нега во клиниките Асклепиос, наведува дека Германија првенствено има проблем со бирократијата при вработување на работници.

„Потребна е стандардизирана постапка за признавање странски дипломи“, вели Кракау, истакнувајќи дека во моментот секоја германска држава има свои правила, што дополнително го отежнува признавањето на средношколските сертификати и дипломите од факултет.

Факт е дека бројките воопшто не зборуваат за успехот на досега преземените мерки. На прашањето на DW, ZAV посочи дека од 2013 година досега пристигнале околу 4.000 даватели на здравствени услуги во Германија, број што не вклучува лица кои дошле преку други агенции. И оваа година нема да биде подобра, бидејќи разговорите планирани за летото со нагувателите во земјите партнери се откажани поради пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП