25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиниша Михајловиќ е позитивен на Ковид-19

Синиша Михајловиќ е позитивен на Ковид-19

Болоња потврди дека нивниот тренер Синиша Михајловиќ е позитивен на корона вирусот, што може да претставува голема опасност по неговото здравје, бидејќи српскиот тренер до неодамна беше на хемотерапија поради леукемија.

Според клубот, Михајловиќ се вратил во Болоња од одмор во петокот и веднаш бил тестиран на КОВИД-19. Тој не чувствува симптоми и следните две недели ќе ги помине во изолација според протоколот во италијанскиот фудбал.

51-годишниот Михајловиќ, кој е оженет со италијанската ТВ-презентерка Аријана Рапачони со која има пет деца, во јули 2019 потврди дека има акутна леукемија, за која беше на три циклуси хемотерапија и на операција за пресадување на коскена срж.

Младинскиот тим на Болоња исто така бил тестиран и немало позитивни случаи, додека првиот тим ќе биде тестиран утре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП