1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Велика Британија за прв пат надмина 2.000 милијарди фунти

Јавниот долг на Велика Британија за прв пат надмина 2.000 милијарди фунти

За прв пат во историјата, јавниот долг на Велика Британија надмина 2.000 милијарди фунти, или 2.600 милијарди долари.

Бирото за национална статистика (ONS) соопшти дека јавниот долг се зголемил за 227,6 милијарди фунти на крајот на јули во однос на истиот период лани.

Задолжувањето достигнало рекордни 150,5 милијарди фунти во оваа година, што е за 128,4 милијарди долари повеќе отколку меѓу април и јули минатата година.

Британскиот министер за финансии Риши Сунак изјави дека сегашната криза во голема мерка ги оптеретува јавните финансии.

Удар на економијата

„Ја планираме нашата економија и затоа ги презедовме неопходните активности за поддршка на милиони работни места, бизниси и егзистенција. Без таа поддршка, сè би било полошо“, рече Сунак.

Тој истакна дека овие податоци се најдобриот показател дека Велика Британија мора да ги врати јавните финансии на одржлива основа, додавајќи дека за тоа ќе бидат потребни тешки одлуки.

„Исто така, ние сега преземаме чекори за поддршка на растот и работните места кои ги финансираат јавните услуги, помагајќи им на деловните активности да ги отворат, така што луѓето не се без надеж“, рече Сунак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП