26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД и ЕУ со првиот договор за тарифни отстапки по две децении

САД и ЕУ со првиот договор за тарифни отстапки по две децении

Соединетите држави и Европската унија постигнаа договор за пакетот намалувања на тарифите со кои ќе се зголеми пристапот до пазарот за американска и европска стока во вредност од стотици милиони долари. Ова го соопштија постојаниот претставник на САД за трговија, Роберт Лајтхајмер и комесарот за трговија на ЕУ, Фил Хоган.

Овие намалувања на тарифите се први договорени меѓу САД и ЕУ во повеќе од две децении, се вели во соопштението од Европската комисија.

ЕУ ги отстранува тарифите за увоз на живи американски јастози и замрзнати производи од јастог. Вредноста на овој американски извоз во ЕУ беше 111 милиони американски долари во 2017-та година. Договорот влегува во сила ретроактивно од 1-ви август. Европските давачки ќе бидат укинати за период од пет години.

Соединетите држави ги намалија тарифите за 50 проценти за одредени производи од ЕУ со просечна годишна трговска вредност од 160 милиони американски долари, вклучувајќи и некои готови јадења, кристални садови, запалки и многу повеќе.

„Како дел од подобрувањето на односите на ЕУ и САД, овој заемно корисен договор ќе доведе до позитивни резултати за економиите и на Соединетите држави и на Европската унија. Со овој пакет тарифни намалувања, имаме намера да го означиме само почетокот на еден процес што ќе доведе до понатамошни договори што создаваат послободна, поправедна и поголема трансатлантска трговија“, велат Лајтхајмер и Хоган.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП