10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИeBay оствари разочарувачки резултати

eBay оствари разочарувачки резултати

ebay1

Американската интернет аукциска куќа „eBay“ која ги чувствува последиците од економската криза во Европа и Кореја, како и силниот долар, оствари разочарувачки резултати во текот на второто тромосечје од оваа година.

Според прелиминарните резултати, нето профитот на таа интернет групација, која за неколку години порасна од сајт за аукциска продажба на интернет во трговски онлајн гигант, е намален во вториот квартал од оваа година за осум проценти, на 640 милиони долари, соопшти управата на компанијата, а пренесува АФП.

Според оценките на аналитичарите, добивката по аукција ќе опадне за еден цент, на 63 центи. Од друга страна, приходот е зголемен за 14 проценти, на 3,9 милијарди долари.

Аналитичарите предвидуваат дека профитот по аукција во четвртиот квартал и понатаму ќе опаѓа, и тоа на 61 цент, иако претходно се очекуваше да достигне до 65 центи. Очекуваниот приход за третото тромесечје е од 3,85 до 3,95 милијарди долари, наместо претходно предвидените 3,97 милијарди.

Аналитичарите очекуваат дека на годишно ниво приходите ќе се движат меѓу 16 и 16,5 милијарди долари, а заработката по аукција од 2,70 до 2,75 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП