11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономското закрепнување е во тек: Отворени милион работни места во Канада

Економското закрепнување е во тек: Отворени милион работни места во Канада

Повеќе од милион работни места беа создадени во Канада од јуни до јули, што е знак дека е во тек економското закрепнување.

Институтот за истражување на „АDP“ проценува дека бројот на работни места се зголемил за 1.149.800 низ целата земја во овој период, по постојаниот пад помеѓу март и јуни.

Податоците објавени во четвртокот не ги земаат во предвид новите работни места во земјоделскиот сектор, кои честопати се сезонски во овој период. Според „АDP“, секторите на трговија, транспорт и јавни услуги се гранки каде економското закрепнување е најинтензивно.

Имало 340.000 нови работни места во тие сектори во јули отколку во претходниот месец. Зголемувањето било значајно и во здравството, рекреацијата, сместувањето и градежништвото.

„Пазарот на трудот се зголеми во јули, бидејќи компаниите почнаа повторно да се отвораат. Ние гледаме пораст на бизнисот во сите индустрии“, коментира Аху Илдирмаз, потпретседател и ко-директор на истражувачкиот институт „АDP“.

Сепак, овие податоци, проценети врз основа на податоците за платниот биланс на „АDP“, не дозволуваат Канада да ги надомести загубите кај работните места забележани за време на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП