20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се 3 најголеми инвестиции на Ворен Бафет во 2020 година

Ова се 3 најголеми инвестиции на Ворен Бафет во 2020 година

Кога станува збор за успешни инвеститори, Ворен Бафет, извршниот директор на Berkshire Hathaway, е секако класа сам по себе. Овој Американец е рангиран на седмото место најбогат човек во светот со богатство од повеќе од 78 милијарди долари, не сметајќи ги десетици милијарди што ги донирал за добротворни цели во последните 15 години.

Бафет продаде многу акции во текот на 2020 година. Но, поради хаосот и неизвесноста од пандемијата на коронавирусот, тој исто така направи три големи набавки во кои тој и неговиот тим инвестираа помеѓу 563 милиони и 6,8 милијарди долари.

Bank of America

Со оглед на тоа што омилената индустрија за инвестирање на Бафет е банкарството, не е изненадување што тој инвестираше во Bank of America во последните неколку недели.

Откако во април доби одобрение од Федералните резерви да ја зголеми сопственоста на Berkshire Hathaway врз Bank of America надвор од вообичаениот лимит од 10% за инвестициските компании, Бафет го зголеми својот удел на вкупно 12% од акциите на банката. Вкупно, околу 2,1 милијарди американски долари се инвестирани во акциите на Bank of America во последните неколку недели.

Barrick Gold

Вредноста на канадската компанија за преработка на злато Barrick Gold се зголеми за повеќе од 10%, откако Berkshire Hathaway објави дека купил удел во таа компанија.

Berkshire Hathaway во последниот квартал купил 21 милиони акции на компанијата за преработка на злато и бакар, во вредност од околу 564 милиони долари.

Набавката доаѓа како мало изненадување, бидејќи Бафет во минатото беше критичар на златото. Тој рече дека е подобро да се инвестира во компании, фарми и недвижнини.

Инвестициите во злато привлекоа многу нови купувачи кои сакаат да заштитат барем дел од нивните средства од инфлацијата што ја очекуваат заради огромното печатење на пари на централните банка.

Berkshire Hathaway

Според кварталните извештаи на компанијата, Berkshire Hathaway откупи свои акции во вредност од 6,8 милијарди долари во првиот и вториот квартал, што е повеќе отколку што Бефет потроши оваа година за купување акции!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП