30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 совети за успешен говор и презентација

10 совети за успешен говор и презентација

Да се чувствува трема пред јавно говорење е нормално, па дури и продуктивно, но премногу нервоза може да наштети.

Еве неколку совети за тоа како да ги контролирате вашите пеперутки во стомак и да се покажете во одлично светло.

1. Добро научете го она за што ќе зборувате. Доколку имате можност сами да изберете за што ќе зборувате, нека биде тоа тема која ваш лично ве интересира. Секогаш знајте повеќе од она што ќе го кажете. Употребете хумор, лични примери и зборувајте раскажувачки.

2. Вежбајте, вежбајте, вежбајте! Вежбајте гласно заедно со сета опрема која планирате да ја користите. Јасно изговарајте ги зборовите, вежбајте како да правите пауза за да земете здив. Мерете го времето и пресметајте екстра минути за секој случај.

3. Запознајте ја публиката. Поздравете некого од публиката како што ќе пристигне. Полено е да се зборува пред познати.

4. Проучете ја просторијата. Дојдете порано и прошетајте низ неа, заедно со микрофонот и другите визуелни помагала.

5. Релаксирајте се. Дајте и време на публиката да се смири. Тоа ги смирува и вашите нерви. Направете пауза, насмевнете се и избројте до три. Почнете!

6. Замислете се себе си како ќе изгледате. Замислете како зборувате гласно и јасно со самодоверба. Замислете како публиката ви аплаудира – тоа ќе ви ја зголеми самодовербата.

7. Сфатете дека и публиката сака говорот да биде успешен. Тие ќе ви помогнат, ќе ве стимулираат бидејќи и тие сакаат да им биде забавно.

8. Не се извинувајте ако сте нервозни, или ако се појави друг проблем. Публиката најчесто нема ни да забележи.

9. Концентрирајте се на пораката која ја пренесувате – не на медиумите. Фокусирајте се на она што го зборувате и на вашата публика, медиумите сами ќе си ја завршат нивната работа.

10. Стекнете искуство. Главно вашиот говор треба да ве отсликува вас како личност и како авторитет. Искуството гради авторитет кој е клучен за ефикасно зборување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП