23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали златото е потценето или преценето?

Дали златото е потценето или преценето?

Златото е едно од најдобро остварувачките средства оваа година, а во моментов се тргува за околу 2.000 американски долари за унца.

„Одеднаш сите сакаат да зборуваат за златото“, рече инвеститорот Џефри Гундлах, откако цената падна од рекордното ниво. Ова беше најсилниот дневен пад во последните 7 години.

И претходно беше споменувано за тоа зошто порасна цената на златото – олеснувањето на монетарната политика на централната банка, финансиските стимулации за поддршка на економиите кои претрпеа силен удар од ковид-19, како и амортизацијата на американскиот долар и зголемувањето на инфлацијата.

Неодамна, аналитичарите на „Credit Suisse“ дури ја кренаа прогнозата за златото на 2.500 долари за унца, истакнувајќи дека денешните времиња се „совршена бура“ за скапоцениот метал.

„Веруваме дека сè уште има нагорен потенцијал за цената на златото и прилагодувањето може да се искористи како можност за купување“, рече Ендру Гартвит, што пак ќе доведе до инфлација, додаде тој.

„Сепак, побарувачката за злато – како од индустријата за накит, така и од институциите, ќе расте во наредните месеци, рече тој.

„Повеќе од половина од откупеното злато е од индустријата за накит, но потрошувачката има намалување од 46% во првата половина од годината. Ние веруваме дека ќе закрепне кога БДП-то на одделни земји ќе почне да расте. Централните банки во моментов учествуваат со 15% од побарувачката за злато, но сметаме дека тој процент ќе се зголеми во иднина“, вели Гартвит.

Инвеститорите добија уште една добра вест откако „Berkshire Hathaway“ на Ворен Бафет објави дека купи удел во втората по големина светска компанија за злато, „Barrick Gold“.

Од друга страна, анкетата на „Bank of America“ откри дека 31% од испитаниците рекле дека златото е преценето во споредба со 0% пред еден месец. Нивото од 31% е највисоко од 2011-та година.

Студијата исто така покажа дека долгите златни позиции се втор најчест договор на финансиските пазари – по купувањето на акции на американските технолошки гиганти.

Затоа златото можеби не е толку привлечно во моментов. Дури и долгогодишните инвеститори, како што е Џефри Гундлах, веруваат дека е можно да се сведочи за краткорочно враќање на тековниот тренд.

Долгорочно – изгледите за златото остануваат добри и многу инвеститори и аналитичари остануваат позитивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП