2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВие и вашиот шеф - Како да бидете неговиот омилен работник

Вие и вашиот шеф – Како да бидете неговиот омилен работник

boss1

Не е важно колку добро работите, туку важно е со кого се дружите – тоа е само едно од бизнис правилата кои се заслужни за напредувањето во кариерата.

Иако е корисно со сите да имате добри односи, најважно е да бидете добар со шефот. Психолозите Итаи Стерн и Џејмс Вестпал, ова непишано правило, толку сериозно го сватиле, па дури започнале да истражуваат како да се биде најефикасен во тоа.

Клучна тактика е дека во ниеден случај не треба да изгледа дека се „упикувате“ или „улизувате“, туку треба да изгледа дека случајно ви излетала мислата дека шефот е паметен и способен. Тие тврдат дека најлесно ќе го направите тоа доколку комплиментите ги маскирате, на пример како во молбата за совет: Кажете ми на кој начин успеавте толку добро тоа да го завршите?

Основни правила во канцеларија:

-Шефот е секогаш во право

-Расправијата никаде нема да ве одведе

-Завршувајте ги секогаш навремено своите обврски

-Изненадете го шефот со одличо завршената работа

-Секогаш бидете од корист за вашите колеги, помогнете им кога тие ќе започнат да стагнираат

-Давајте предлози и идеи кои ќе му ја осленат работата на шефот

-Бидете одличен организатор на ситуациите, покажете му на шефот дека тој може безгрижно да се одмори а вие завршете ја работата

-Бидете личност од доверба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП