
„General Motors“ слави производството на 1.750.000 примероци од моделот „Chevrolet Corvette“.


„General Motors“ слави производството на 1.750.000 примероци од моделот „Chevrolet Corvette“.
Да, добро прочитавте, еден „Chevrolet Corvette“ може да се купи за 200 долари и станува збор за мини-верзија (играчка) на јубилејниот 1.750.000 примерок.
„Пристигна и 1.750.000 примерок на „Corvette“ и го чека среќниот сопственик. „Corvette“ еднаш во 10 години одбележува некој јубилеј и за ова подготвуваме нешто фантастичко со што ќе ги одушевиме нашите купувачи, рече Кај Спенд, директор на фабриката која го произведе примерокот.
Потсетуваме, милионитиот примерок и 1.5 милионитиот примерок веќе се наоѓаат во музеј, а наскоро и овој таму ќе го пронајде своето место.