26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстанале без работа, а сега им се заканува иселување од домовите: Милиони...

Останале без работа, а сега им се заканува иселување од домовите: Милиони луѓе немаат пари за кирија

Скоро 40 милиони Американци се изложени на ризик насилно да бидат протерани од своите домови до крајот на годината, што е директен резултат на економскиот пад и масовните загуби на работните места предизвикани од пандемијата.

Федералните придобивки за невработеност истекоа кон крајот на јули и членовите на Конгресот сè уште не донеле одлука за нивно продолжување.

Некои експерти предвидуваат дека кризата со недвижнини, како резултат на пандемијата, ќе биде уште полоша.

На милиони Американци кои ги загубија своите работни места како резултат на пандемијата им се закануваат со присилно иселување, додека економската состојба продолжува да се влошува како резултат на ширењето на вирусот.

Невработена и едвај има можност да плати кирија, Тијана Калдвел, која е загрозена од присилно иселување, организираше протест со групата „KC Tenants“, која се залага за прифатливи цени за станови во Канзас Сити, Мисури, каде што кризата со домувањето постоеше уште пред пандемијата.

Сега скоро 50% од граѓаните што изнајмуваат станови во таа американска држава се во опасност насилно да бидат протерани затоа што не можат да ја платат киријата.

„Веќе имавме десетици илјади луѓе во Мисури кои издвојуваа над 50% од своите приходи за изнајмување дури и пред пандемијата, а сега стотици илјади се невработени, што значи дека ова е несовладливо за работните семејства“, рече директорот на групата „KC Tenants“, Тара Рагувер.

Многу Американци добиваат државна и сојузна финансиска помош за невработени. Сепак, 600-те долари неделна федералната помош истече во јули, оставајќи милиони кои не можат да плаќаат сметки или кирија.

„Затоа, луѓето ќе бидат во длабока криза што досега не е забележана“, предупредува Тара Рагувер.

Активистите кои се занимаваат со ова повикуваат на откажување од закупнините или продолжување на мораториумот за присилно иселување, прашање кое го коментираше и претседателот Доналд Трамп.

„Јас потпишувам указ со кој им наредувам на Секретаријатите за домување и урбан развој и здравје, како и центрите за контрола на болести, да се осигура дека станарите и сопствениците на имот можат да останат во своите домови“, рече Трамп на прес-конференција на 8-ми август.

Сепак, експертите за домување проценуваат дека указот на Трамп не дава јасни директиви на владините агенции да преземат вакви мерки.

„Сите ние треба да се обединиме и да се бориме за Конгрес да стори нешто околу ова, не само да го реши сегашниот проблем на краток рок, туку да го реши прашањето за платите и домувањето на долг рок“, рече Џина Кијала од невладината организација „Хартленд Центар за работни места и слобода“.

Кијала ги охрабрува сопствениците на имоти да преговараат со нивните станари секогаш кога е можно.

Сепак, бидејќи 40 проценти од становите за изнајмување се во сопственост на индивидуални семејства, многу од нив не можат да ги апсорбираат загубите како резултат на неплатените кирии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП