21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со повремен засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.

Утре уште од претпладне ќе дува умерен до засилен северозападен ветер најизразен долж Повардарието и на повисоките места. Од утре следува и период на претежно сончево време со пораст на дневната температура, а по викендот повторно ќе биде нестабилно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП