8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако треба да ги комбинирате намирниците?

Како треба да ги комбинирате намирниците?

Кога станува збор за комбинирањето на храната, најчесто нутриционистите советуваат да се внимава што со што оди на чинијата.

Правилното комбинирање на одредени производи претставува моќна заштита од многу болести, а и ќе го подобри вашиот изглед и вашата линија. Затоа, започнете да ги создавате оброците поумно, а не побрзо. Луѓето баш и не се умешни во комбинирањето и токму затоа добро ќе ви дојде да ги знаете овие здрави комбинации.

Домати и Маслиново масло

Комбинацијата домати со маслиново масло е популарна затоа што е многу вкусна, но и многу здрава. Консумирањето на домати со маслиново масло ја подобрува структурата на кожата, ја зацврстува и го одржува нејзиниот младешки изглед. Освен тоа, истражувачите тврдат дека маслиновото масло ја помага апсорпцијата на ликопен, моќен антиоксиданс кој го има во изобилство во готвените домати.

Зелен чај и Лимон

Зелениот чај и лимонот се две супер намирници кои треба секојдневно да присуствуваат во нашата исхрана. Добрата вест е што кога се консумираат заедно, нивната моќ се зголемува. Докажано е дека сокот од лимон води до зголемување на катехините присутни во зелениот чај, кои го намалуваат ризикот од срцеви болести и рак. Многумина цедат лимон во зелениот чај за да му го подобрат вкусот, а не знаат дека со таа постапка си прават уште едно добро – ја зголемуваат апсорпцијата на корисните антиоксиданси.

Домати и авокадо

Доматите се полни со антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од ракот и кардиоваскуларните болести, додека пак телото полесно ќе ги свари хранливите материи со помош на здравите масти кои ги има во авокадото. Ако некако не ви оди оваа комбинација искомбинирајте го авокадото со маслиновото масло.

Житарки и сок од портокал

Според истражувањата сокот од портокал коj e богат со витамин Ц, во комбинација со житарки ги чисти артериите и го спречува срцевиот удар и тоа го прави двојно помоќно, отколку кога овие две намирници се консумираат одвоено.

Брокула и домати

Оваа комбинација го спречува ракот на простатата, иако уште не е точно утврдено како и зошто.

Боровница и грозје

Консумирањето на две различни овошја заедно ќе ви донесе поголема здравствена корист, отколку да консумирате само едно од нив. Па така и со оваа комбинација, каде според истражувањата снабдувањето со антиоксидантите кои ги има во нив има поголем ефект кога ги јадете во комбинација.

Чоколадо и јаболка

Јаболкото е богато со кверцетин кој најмногу го има во неговата кора, а кој се покажа како одличен лек за намалување на алергијата на кожата, спречување на срцеви удари, заштита од Алцхајмер и Паркинсонова болест. Чоколадото, грозјето, црното вино и чајот создржат пак катехин – антиоксидант кој ја подобрува кардиоваскуларната слика.

Лук и риба

Рибата заради својата хранлива вредност на вашето мени во една недела по правило треба да ја консумирате три пати, а кога ќе ја комбинирате со лук добивате совршена заштита за вашето срце.

Јајца и овошје

Можеби ви изгледа необично на прв поглед, но една од работите кои му се потребни на нашиот организам е совршена комбинација на проетини со јагленихидрати, што ни дава енергија. Оваа комбинација на јајца и овошје не само што ни дава енергија туку и го намалува шеќерот во крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП