28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Porsche“ ја најави новата „Panamerа“ (ФОТО/ВИДЕО)

„Porsche“ ја најави новата „Panamerа“ (ФОТО/ВИДЕО)

Компанијата „Porsche“ објави тизер со кој ја најавува новата „Panamerа“, но и видео снимка од рекордниот круг на „Нирбургринг“.

Во „Porsche“ сметаат дека рекордот на оваа патека е добар начин да се демонстрираат перформансите на автомобилот.

„Porsche 918 Spyder“ во 2013-та година постави време за еден круг од 6:57, моделот „911 GT2 RS“ во 2017-та година имаше време од 6:47, додека „919 Hybrid Evo“ во 2018-та го комплетираше кругот за неверојатни 5:19.

„Panamera“ исто така постави рекорд за најбрз автомобил до „Е“ сегментот и на „Нирбургринг“ го надмина „Mercedes-AMG GT63 S“ на патеката долга 20,6 и 20,83 km. „Porsche“ сега објави снимка од рекордниот круг чие време изнесува 7:29,81.

Кај новата „Panamerа“ од „Porsche“ ветија поголема моќност од 542 KS и 770 Nm која денеска ја има „Turbo“ моделот. Новата верзија ќе ја има ознаката „Turbo S“ и своето место ќе го најде меѓу моделот „Turbo“ и најмоќниот „Turbo S E-Hybrid“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП