29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШолц со нови 10 милијарди ќе ги заштитува работните места во Германија

Шолц со нови 10 милијарди ќе ги заштитува работните места во Германија

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц предложи продолжување на субвенциите за поддршка на работата за време на коронакризата на 24 месеци, велејќи дека мерката ќе ја чини владата дополнителни 10 милијарди евра.

Владата на канцеларката Ангела Меркел го врати краткорочниот надоместок за да ги заштити работниците и компаниите во Германија од масовни намалувања на работните места за време на пандемијата, пренесува „Bloomberg“.

Придобивките, обично ограничените на 12 месеци, првично покриваа до 67% за домаќинства со деца и постепено се проширија во последните месеци.

Предлогот на Шолц остро се спротивставува на намерата на британскиот министер за финансии Риши Сунак да ја прекине програмата за поддршка на работните места во октомври. Институтот за истражување на јавната политика проценува дека 3 милиони работници ќе продолжат да се потпираат на планот кога ќе заврши. Програмата досега го чинеше британското Министерство за финансии скоро 35 милијарди фунти (46 милијарди долари).

Во интервјуто за „Bild“ во неделата, Шолц рече дека помошта ќе достигне 10 милијарди евра.

Најголемата економија во Европа успеа да ја преживее пандемијата досега релативно лесно и се очекува силно да се прошири во третиот квартал од годината. Во исто време, растот на бројот на нови случаи на инфицирани со ковид-19 започна да се забрзува во последните неколку недели, предизвикувајќи стравувања дека новиот бран на заболени може да доведе до нови ограничувања на економската активност.

Социјалдемократите, партнер на христијанските демократи во коалициската влада на Меркел, минатата недела го претставија Школц за свој кандидат за функцијата канцелар на парламентарните избори во следната година. Според неодамнешните анкети, партијата се натпреварува со Зелените за втора најсилна партија во земјата.

Бројот на работници со скратено работно време во Германија останува неколку пати поголем отколку за време на рецесијата 2008-2009 предизвикана од глобалната финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП