3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да работите за други, а да бидете свој газда

Како да работите за други, а да бидете свој газда

За сите оние кои сакаат самосталност, сакаат да бидат сами на себе „газди“, преферираат повеќе различни задачи, како и многу флексибилно време – „freelancer“ е поим за кој треба да размислите.

Во случај во скоро време да сте останале без работа, ваков начин на работа може многу да ви помогне да „застанете на нозе“, додека не најдете работа која повеќе ќе ви одговара, но, исто така, ова може да биде и трајно определување.

„Freelancer“ е термин кој се однесува на личност која е самовработена и чија работа не е директно поврзана за ниеден работодавец, таа ги извршува работите или управува со проектите на некоја компанија или институција.

Што е важно за „freelancer

Работењето како „freelancer“ воглавно се воспоставува со потпишување на договор, но не се ретки случаите кога се постигнува само усмен договор.

Исто така и хонорарот може да варира и да биде различен од случај до случај, па така, можат да бидат платени по проект, час или ден, неделно, двонеделно или месечно.

Искуството, професионализмот и промоцијата се, секако, најважната ставка во успешното работење со „freelancer“, морате да станете „познати“ за да слушнат работодавците за вас и да ве ангажираат.

Не е за секого

Важно е да се напомене дека „freelancer“ не е за секого. Да се биде „freelancer“ мора да имате висок степен на самодисциплина, мотивација како и неопходни стручности.

Од една страна може да биде многу исплатливо и корисно, но исто така може да биде многу напорно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП