17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто е подобро - Vine или Instagram?

Што е подобро – Vine или Instagram?

instagram

Instagram или Vine? И двете нудат многу можности, но тие исто така имаат свои ограничувања. Како да го изберете подобриот?

Бидејќи мобилните телефони имаат камера која може да снима видео, луѓето почнаа да снимаат сè што се случува со нив во животот, и не само оние специјални моменти како што се свадби, дипломски или родендени.

Со доаѓањето на паметните телефони и подемот на социјалните мрежи, снимањето кратки видеа и нивното објавување на интернет стана полесно од било кога.

Кога на почетокот на 2013 година се појави Vine и им овозможи на милиони во целиот свет да ја покажат својата креативност во само шест секунди, започна нова ера во објавувањето на видеа на интернет.

Само шест месеци подоцна, популарниот сервис и апликација за објавување на  фотографии Instagram, им овозможи на корисниците покрај фотографии да можат да објавуваат и видеа.

Тоа ги донесе во недоумица корисниците на двете услуги, како да изберат кој сервис да го користат за уредување на видеа.

About.com направи споредба на двата сервиси и ги претстави нивните предности и слабости, а воедно и клучните разлики, за на крајот конечната одлука да ја донесат корисниците.

 

Должината и изгледот на видеата

Vine освои многу поени на фактот дека максималната должина на видеото е само шест секунди. Едноставно вклучете ја апликацијата, притиснете за снимање, додадете некој интересен коментар и објавете на Facebook или на Twitter.

Од друга страна, Instagram беше првиот сервис за објавување на фотографии, но сега на него може да се објавуваат и видео клипови до 15 секунди. Ова е очигледно доволно и за професионалните филмаџии, бидејќи на Instagram е објавено најавно видео за претстојниот филм за Стив Џобс.

Но што е главната разлика? Освен должината на снимката, Instagram нуди многу повеќе алатки за обработка на слики. На тој начин можете да додадете интересни филтри и рамки, и истите да ги испратите до други преку e-mail. Во финалната верзија, Instagram и Vine, нудат “embed” на фотографии или видеа на други веб-сајтови.

Иако Vine го скрши мразот и го освои срцата на корисниците со кратките видео клипови, се чини дека Instagram, сепак е победник  во оваа категорија.

 

Пребарување на видеа

Vine на своите корисници им овозможува да ги пребаруваат сите видеа со користење на пребарувач, но им нуди и можност за пронаоѓање на интересни видеа со користење на опцијата ‘Explore”. Тука е исто така и “Editor’s Pick”, кој нуди видеа избрани од страна на уредниците на Vine, како и листа на најпопуларните видео клипови во  “Popular Now”. Бидејќи Vine првенствено е наменет за објавување на Twitter, за барање може да се користат и хаштагови, а Vine ќе ви ги препорача хаштаговите кои се моментално најпопуларни.

И Instagram има сличен систем како Vine со тоа што во резултатите од пребарувањето се наоѓаат исто така слики и видеа објавени на овој сервис. За разлика од Vine, Instagram нуди краток преглед на видеа, без нивно отворање.

Во овој случај, вагата тежи на страната на Vine само поради фактот дека во Instagram не можат да се направат специфично пребарување на фотографии и видео клипови, што го отежнува барањето на специфични видео клипови.

 

Интеракција со другите

И Vine и Instagram нудат две главни интерактивни опции за своите корисници. Една од нив е “лајкање” видеа односно коментирање на истите, а другата е “тагирање” и други луѓе во објавата на видео клиповите.

Вистинска разлика, во овој случај нема. Сè зависи од тоа кој сервис го користите и како сте квалификувани за користење на хаштагови и тагови за време на објавувањето на видео клиповите. Колку се повешти корисниците, односно опишуваат подобри клучни зборови, толку се поголеми шансите нивните видеа да го привлечат вниманието на другите корисници.

 

Конечен победник

И Vine и Instagram во наредните месеци ќе доживеат дополнителни подобрувања и доработки. И двата сервиси најпрво се појавија на iPhone, а дури подоцна почнаа да го освојуваат пазарот на Андроид. Но, во принцип, и услугата и апликациите се многу слични.

Се зависи од корисникот. Ако сте многу активни на Twitter, веројатно ќе бидете подобро прилагодени за објавување на Vine видеа, заради можноста за додавање на видеата во твитовите.

За оние кои сакаат да ги објавуваат и фотографиите и видеата, подобар избор е  Instagram, особено доколку користат Instagram и Facebook.

Ако не ви се доволни 6 или 15 секунди за вашите креации, секогаш го имате на располагање Youtube.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП