5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската вакцина подготвена за комерцијална употреба до крајот на годината

Кинеската вакцина подготвена за комерцијална употреба до крајот на годината

Шефот на водечката државна кинеска фармацевтска компанија “СиноФарм” рече дека нивната вакцина против коронавирус ќе биде комерцијалнo достапна до крајот на годината.

Претседателот на “СиноФарм”, Лиу Џинжен, за кинескиот весник на Комунистичката партија изјави дека вакцината би чинела помалку од 1.000 јуани (140 долари) и ќе биде дадена двапати во интервал од 28 дена.

Според него, ќе биде неопходно за студентите и работниците во поголемите градови да ја добијат вакцината, но не и оние што живеат во ретко населените рурални области.

„Не треба сите 1,4 милијарди луѓе во нашата земја да ја добијат вакцината“, рече тој во интервјуто објавено денес во „Гуангминг Дејли“.

“СиноФарм” во моментов тестира две вакцини и има годишен капацитет на производство од 220 милиони дози, рече Лиу.

Лиу, кој истовремено е секретар на Комунистичката партија на компанијата, изјави за весникот дека ја примил вакцината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП