20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПекол во Калифорнија: Во "Долината на смртта" измерени 54,4 Целзиусови степени

Пекол во Калифорнија: Во “Долината на смртта” измерени 54,4 Целзиусови степени

Температурата измерена во неделата во “Долината на смртта”, Калифорнија, достигна дури 54,4 Целзиусови степени, а температура се мери уште од 1913 година.

Во оваа долина температурите се меѓу највисоките во светот, а прва таква е забележана во јули 1913 година, 56,7 степени Целзиусови.

Исто така, повеќето од југозападниот дел на Соединетите држави беа погодени од невиден топлотен бран. Неколку дневни рекорди биле постигнати во саботата.

Националната метеоролошка служба објави дека е забележана температура од 44,4 степени во Вудленд Хилс, во Лос Анџелес, што го собори рекордот од 42,2 степени поставен во 1977 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП