2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТретата најголема светска економија бележи најнизок БДП во историјата

Третата најголема светска економија бележи најнизок БДП во историјата

Јапонија го забележа својот најнизок БДП во историјата на мерењата заради намалена потрошувачка за време на пандемијата на вирусот Ковид-19.

Третата најголема економија во светот падна за 7,8 проценти во вториот квартал во однос на претходниот.

Ова е годишна стапка на пад од 27,8 проценти, што е најлошата стапка откако започна мерењето на БДП-то во таа земја.

Потрошувачката во Јапонија падна за 8,2 проценти во последниот квартал, бидејќи компаниите низ целата земја ги прекинаа своите активности за време на шестнеделните строги мерки на ограничување во април и мај, пишува „CNN“.

Во август, во Јапонија се регистрирани повеќе од 19.000 нови случаи на Ковид-19, што е приближно една третина од вкупниот број регистрирани заболени во таа земја од почетокот на пандемијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП