21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на увозот го надмина падот на извозот! Суфицитот на ЕУ надминува...

Падот на увозот го надмина падот на извозот! Суфицитот на ЕУ надминува 20 милијарди евра

Трговскиот суфицит на Еврозоната со остатокот од светот скокна на 21,2 милијарди евра во јуни, бидејќи падот на увозот на стоки во блокот го надмина падот на извозот.

Еврозоната е заедница од 19 земји кои користат заедничка валута. Кога станува збор за Европската унија, која ја сочинуваат 27 членки, вишокот во јуни изнесуваше 20,7 милијарди евра, што е исто така последица на падот на увозот.

Еврозоната го доживеа својот најлош пад на вработеноста досега во вториот квартал од 2020-та година, објави статистичката агенција на Европската унија – „Евростат“. Исто така, се потврди и рекордниот пад на бруто-домашниот производ во второто тримесечје, што се намали за 12,1 процент во однос на првите три месеци од годината.

„Евростат“ објави дека трговскиот суфицит на Еврозоната во јуни е поголем од оној од истиот период од минатата година, кога изнесуваше 19,4 милијарди евра. Очекувањата на пазарот за суфицит од 12,6 милијарди евра беа значително надминати.

Подобрувањето во однос на минатата година е предизвикано од падот на увозот од 12,2 проценти, што е за повеќе од 10 проценти за тоа колку е намален извозот, покажаа проценките на „Евростат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП