20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„За тебе“ - надеж за младите без родители: „Ние сме тука за...

„За тебе“ – надеж за младите без родители: „Ние сме тука за оние што се откажале од исполнување на своите соништа“

Неодамна се формираше Здружение за помош и поддршка на деца без родители „За тебе“, кое всушност работи со младите лица кои пораснале без родители.

Ова е прва непрофитна организација во земјава која работи исклучиво со млади лица пораснати без родители, односно лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители.

Утрово на нивните профили на социјалните мрежи споделија видео преку кое подетално објаснија која е всушност нивната мисија.

https://www.facebook.com/103554654735075/posts/138348451255695/?vh=e

Имено, претседателката на здружението „За тебе“, Цеце Николова, во краткото видео порача дека младите лица, кои пораснале без биолошко семејство и ја изгубиле надежта во системот, веќе се ‘под нивна закрила’ и даваат сè од себе за тоа да го променат.

Како што вели во објавата, тие неуморно работат со група млади без родители, кои на некој начин се помириле со фактот дека ова општество најверојатно нема разбирање за исполнување на нивните соништа, планови, идеи и цели.

„Тие немаат семејства. Тие немаат биолошко семејство кое може да застане позади нив. Затоа, нашето здружение, со ваша помош и поддршка застанува позади овие прекрасни луѓе и се труди да им биде семејството кое никогаш го немале“, вели Николова.

https://www.instagram.com/tv/CD0nTzZnVdP/?igshid=y62iy2ln0tzp

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП