25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Преку 9 милиони сиромашни луѓе

Италија: Преку 9 милиони сиромашни луѓе

italija3

Во Италија, која влезе во рецесија на крајот на 2011 година и каде невработеноста достигна рекордни 12,2 проценти, моментално живеат 9,57 милиони сиромашни луѓе.

Од нив, 4,81 милиони живеат на работ на сиромаштијата, соопшти Националниот завод за статистика Истат.

Бројот на сиромашни луѓе претставува 15,8 проценти од италијанската популација во 2012 година, што е за 2,2 проценти повеќе отколку во 2011 година, пренесува АФП.

Луѓето кои живеат во страшна беда, минатата година претставувале осум проценти од вкупната популација на Италија, додека во 2011 година таа стапка изнесувала 5,7 проценти.

„Од почетокот на економската криза во 2008 година, по прв пат е регистриран релативен и апсолутен пораст на сиромаштијата која ги погодува сите социјални категории“, се наведува во соопштението на Истат.

„Екстремната сиромаштија се дефинира како неможност за плаќање на мнозинството на стоки и услуги кои се сметаат за неопходни за преживување. Минималните средства за опстанок варираат во зависност од регионот, односно од традиционално поскапиот север и поевтиниот југ“.

Долната граница за преживување за личностите од 18 до 59 години во помалите градови на југот на Италија е 573 евра, додека во урбаните средини на северот на Италија таа изнесува 806 евра.

Се смета дека двочлено семејство со месечни примања под 990,88 евра живее во релативна сиромаштија. Стапката на релативна сиромаштија во сите италијански региони пораснала во 2011 година, во богатиот север од 4,9 на 6,2 проценти, во централниот дел на земјата од 6,4 на 7,1 процент и на југот на земјата од 23 на 26,2 проценти.

Стапката на релативна сиромаштија единствено е намалена меѓу постарите луца кои живаат сами, од 10,1 на 8,6 проценти. Во соопштението се додава дека на 2,8 проценти од италијанските семејства им се заканува сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП